Скокни до содржината
Alkaloid AD Skopje logo

Кардиопирин

Состав 

100 mg ацетилсалицилна киселина. 

Фармацевтска форма 

Гастрорезистентна таблета. 

Дејство 

Лекот Кардиопирин содржи ацетилсалицилна киселина, која има антитромботично дејство и ја намалува појавата на згрутчување на крвта. Фармацевтската форма гастрорезистентна таблета ја намалува можноста од несакани ефекти во гастро-интестиналниот тракт. 

Индикации 

Гастрорезистентните таблети Кардиопирин се употребуваат за:  

  • намалување од појава на ризикот на кардиоваскуларни нарушувања, односно нарушувања на срцето или на крвните садови (на пр. ангина пекторис или миокарден инфаркт), 

  • намалување од појава на ризикот од понатамошно затнување на крвните садови кај пациенти кои имале миокарден инфаркт, 

  • терапија на миокарден инфаркт,  

  • спречување на затнување на крвните садови по операција на истите, на пр. коронарна-бајпас операција,  

  • намалување на ризикот од повторна појава на транзиторен исхемичен атак и на мозочен удар, 

  • профилакса на мигрена. 

 

Пакување 

Кутија со 30 филм-обложени таблети во блистер и со упатство за пациентот. 

Регулаторен статус 

ОТЦ (без рецепт). 

30 таблети
Кардиопирин

Слични производи