Парацетамол Алкалоид Таблета

СОСТАВ

Paracetamol 500 mg

Фармацевтска форма

Таблета

Дејство

Парацетамолот дејствува преку инхибиција на синтезата на простагландини во централниот нервен систем (ЦНС) и во помала мера преку периферна активност, блокирајќи го преносот на импулсите за болка.Парацетамолот дејствува антипиретично преку активност врз центарот за топлина во хипоталамусот, предизвикувајќи ширење на крвните садови и зголемен проток на крв во кожата, зголемено потење, а со тоа и губење топлина.

Индикации

Парацетамол Алкалоид се користи за брзо ослободување од болки од различно потекло: главоболка (која вклучува мигрена и тензиона главоболка), забоболка, болки во грбот, мускулни болки, болки во зглобовите и менструални болки. Лекот помага и при болки во грлото, ја намалува високата температура и ги олеснува тегобите при настинка и при грип.

Пакување

500 таблети

Регулаторен статус

ОТЦ

500 таблети

Парацетамол Алкалоид Таблета