Лоратадин С
Состав
Loratadine hydrochloride 10 mg
Фармацевтска форма
Таблети
Дејство
Лоратадин С Алкалоид содржи активна супстанција лоратадин, којашто спаѓа во групата лекови наречени антихистаминици.
Антихистаминиците ги ублажуваат алергиските симптоми, спречувајќи го дејството на хистаминот којшто се создава во организмот.
Индикации
Таблетите Лоратадин С се употребуваат како:
симптоматска терапија на алергиски ринитис (кивање, течење или чешање на носот, печење или чешање на очите),
симптоматска терапија на хронична идиопатска уртикарија (црвенило/исип на кожата проследено со чешање).
Пакување
Кутија со 10 таблети во блистер, со упатство за пациентот.
Регулаторен статус
ОТЦ (без рецепт)
10 tablets
Лоратадин С