Состав
Една ќесичка ФЕРОЗОМАЛ содржи 30 mg железо (во форма на железо-пирофосфат), 80 mg витамин Ц и 2,5 mcg витамин Б12. Железото се наоѓа во форма на липозомален комплекс, односно е обвиткано со фосфолипиден двослој (липозом) и не доаѓа во директен контакт со слузницата на дигестивниот тракт. На тој начин се обезбедува висока биорасположливост, железото добро се поднесува, без мачнини, без стомачни тешкотии, без метален вкус во устата.
Фармацевтска форма
Микрогранули за директна примена, со вкус на лимон и на шумско овошје.
Дејство
Микрогранулите за директна примена ФЕРОЗОМАЛ го обезбедуваат потребното количество железо, со цел да се задоволат зголемените потреби на организмот.
Употреба
- Железото придонесува за нормално формирање на црвените крвни клетки и на хемоглобинот.
- Железото придонесува за нормален транспорт на кислородот низ телото.
- Железото, витаминот Ц и витаминот Б12 придонесуваaт за нормална функција на имунолошкиот систем.
- Железото придонесува за нормална когнитивна функција.
- Железото, витаминот Ц и витаминот Б12 придонесуваат за нормален метаболизам на енергија.
- Железото, витаминот Ц и витаминот Б12 придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста.
- Железото и витаминот Б12 имаат улога во процесот на клеточна делба.
- Витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железото.
- Витаминот Ц придонесува за нормално формирање на колагенот со цел нормална функција на крвните садови, коските, р’скавиците, непцата, кожата и забите.
- Витаминот Ц и витаминот Б12 придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем.
- Витаминот Ц и витаминот Б12 придонесуваат за нормална психолошка функција.
- Витаминот Ц придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.
- Витаминот Ц придонесува за регенерација на редуцираната форма на витамин Е.
- Витаминот Б12 придонесува за нормално формирање на црвените крвни клетки.
- Витаминот Б12 придонесува за нормален метаболизам на хомоцистеинот.
Дозирање и начин на примена
Еднаш дневно, по една кесичка. Треба да се растопи директно во устата.
Пакување
Картонската кутија содржи 30 кесички и упатство за употреба.
Регулаторен статус
Додаток во исхрана
Мерки на претпазливост
Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Производот не треба да се употребува како замена за разновидна исхрана.
Да се чува надвор од дофат на мали деца!
Картонската кутија содржи 30 кесички и упатство за употреба.