Состав
Витамин D3 - 1000 IU / 2000 IU / 4000 IU
Фармацевтска форма
Меки капсули
Дејство
Витаминот Д е липосолубилен витамин којшто се синтетизира во кожата под дејство на УВ-светлина.Тој се претвора во 25 (OH) D во црниот дроб и понатаму до активната форма (калцитриол 1,25 (OH)2 D) во бубрезите или во другите органи. Вклучен е во метаболизмот на коските, ја зголемува апсорпцијата на калциумот од цревата, но, исто така, има и многу важна улога во нормалниот имунолошки одговор.
Витаминот Д врши имуномодулаторни активности. Постојат студии коишто ја демонстрираат неговата улога во зголемувањето на способноста на вродениот имунолошки систем да се бори против патогените микроорганизми.
Витаминот Д достигнува најниско ниво во текот на зимските месеци и затоа научниците често го нарекуваат „сезонски стимул“, бидејќи ниските нивоа на витамин Д се поврзани со зголемена појава на респираторни инфекции.
Употреба
MULTI ESSENCE Витамин D3, како храна за посебна нутритивна употреба - храна за посебни медицински намени, ги задоволува зголемените потреби од витамин D3 кај возрасните. Производот е наменет за диететско регулирање состојби и болести кај коишто е неопходно надоместување на витаминот Д.
- Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.
- Витаминот Д придонесува за нормална мускулна функција.
- Витаминот Д придонесува за одржување здрави коски.
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА ПРИМЕНА
Еднаш дневно, по една капсула.
Пакување
Картонската кутија содржи 30 меки капсули (2 блистери) и упатство за употреба.
Регулаторен статус
Храна за посебна нутритивна употреба - храна за посебни медицински намени
Мерки на претпазливост
Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Производот не треба да се употребува како замена за разновидна исхрана.
Да се чува надвор од дофат на мали деца!
Картонската кутија содржи 30 меки капсули (2 блистери) и упатство за употреба