Состав
0,25 mg/ml оксиметазолин хидрохлорид
0,5 mg/ml оксиметазолин хидрохлорид
Фармацевтска форма
Капки за нос, раствор за деца и за возрасни.
Дејство
Лекот Назопас содржи оксиметазолин хидрохлорид, кој се користи како назален деконгестив. Стеснувајќи ги артериолите, тој го намалува отокот на носната слузница и секрецијата од носот. На тој начин, се олеснува дишењето преку носот и се ублажуваат придружните знаци на настинката. Оксиметазолинот поседува и противвоспалително и антиоксидативно дејство, како и антивирусно дејство врз одредени вируси, кои главно предизвикуваат респираторни болести.
Индикации
Капките за нос Назопас, наменети за деца и за возрасни, се употребуваат при:
Акутна кивавица
Кивавица поради алергии
Риносинуситис
Воспаление на средното уво (otitis media) – за подобрување на функцијата на Евстахиевата туба
Пакување
Кутија со шишенце со 10 ml раствор и упатство за пациентот.
Регулаторен статус
ОТЦ (без рецепт).
10 ml раствор