Витамин Б6 Алкалоид

Состав

pyridoxine 20 mg

Фармацевтска форма

таблети

Дејство

Хидросолубилен витамин чијашто активна форма е пиридоксал фосфат, неопходен за метаболизмот на протеините. Учествува во метаболните процеси на аминокиселините (декарбоксилација, дезаминација, трансаминација итн). Има важна улога во метаболизмот на мастите, формирањето хем, како и на нијацин од триптофанот.

Индикации

Терапија и превентива на сосотојби при недостаток од витамин Б6: микроцитна и хипохромна анемија, конвулзии кај новороденчиња, полиневритиси и невропатии при терапија со лекови кои содржат изонијазид, пенициламин, хидралазин и циклосерин.

Намалени концентрации на витамин Б6 вообичаено се присутни при диети, уремија, алкохолизам, цироза, хиперпаратиреоидизам, малапсорптивен синдром, кај пациенти со срцева слабост, долготрајна хемодијализа, како и при генетски нарушувања во метаболизмот на аминокиселините.

Зголемени потреби од витамин Б 6 се јавуваат кај геријатриски пациенти, бременост и лактација, и при долготрајна употреба на хормонални контрацептиви.

Други индикации: акни, себореичен дерматитис, хиперлипидемија, озрачување, хиперемезис гравидарум, предменструален синдром, вертиго, хиперкинетски синдром кај деца, хипероксалурија, зависност од пиридоксин кај деца.

Пакување

Кутија со 20 таблети

Регулаторен статус

ОТЦ

20 таблети

Витамин Б6 Алкалоид