Алкалоид АД Скопје

МУКАЕТОВ НА 25. КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА: МАЛ ПАЗАР, ГОЛЕМА МОЖНОСТ
Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.
ПОДАТОЦИ ЗА АКЦИИТЕ
Податоци за акциите
Цена *
22,918.17
Промена *
1.28%
ВЕСТИ
АЛКАЛОИД – резултати од работењето за периодот јануари – декември 2025 година
Прочитај повеќеСтратешко ширење на Бекутан на европскиот пазар: македонскиот бренд достапен и во „Лидл“ Летонија и во „Лидл“ Литванија
Прочитај повеќе„БЕКУТАН“ детски крем: Успешната македонска приказна со регионална доверба и глобална визија отсега достапна и во „ЛИДЛ“, Франција
Прочитај повеќеПРОИЗВОДИ

ФАРМАЦИЈА
Луѓето градат високо - за да можат да гледаат подалеку. Луѓето градат заедно - за да можат да бидат поблиски. Луѓето градат цврсто - за да можат да се чувствуваат. побезбедно. Ние градиме за луѓето да имаат подобро здравје бидејќи ... ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СЀ !
Види ги сите производи
Со изложба и предавање донација од над 4 милиони денари одбележан 85-годишниот јубилеј на „Алкалоид“
СЛЕДЕТЕ НÈ

Кога се спојуваат талентот, креативноста и посветеноста, се создаваат дела што оставаат трага. Јован Јованов, познат музички продуцент, композитор и изведувач со кого нè поврзуваат голем број креативни проекти и заемна поддршка, е долгогодишен соработник и пријател на АЛКАЛОИД. Зборувајќи за успехот и за истрајноста, Јован нè потсетува на една едноставна, но важна мисла: дека понекогаш патот до целта и сето она што го учиме, го создаваме и го надминуваме по него се поважни и од самата цел. Во годината на нашиот 90-годишен јубилеј со задоволство ја споделуваме и неговата порака. Заедно создаваме вредности што траат. #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе
Посетете нè
Ирска како инспирација, модата како приказна, а чајот како доживување. По повод претставувањето на најновата колекција на Weekend Max Mara FW26 / A Weekend in Ireland, Good Nature Tea креираше три уникатни чајни мешавини со состојки внимателно избрани од Weekend Max Mara, а инспирирани од автентичните пејзажи и од препознатливите дестинации на Ирска. Во реализацијата учествуваше нашата м-р Маја Стефкова, експерт за чаеви и фитотерапија со 25-годишно искуство во „Алкалоид“, која ја водеше и дегустацијата, претворајќи ја модната приказна во посебно сензорно искуство. Преку вкусовите и аромите гостите ја доживеаја Ирска на поинаков начин, благодарение на спојот на модата, природата и експертизата што стои зад Good Nature. Ви благодариме, Magnetik, за поканата да бидеме дел од ова модно доживување. #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе
Посетете нè
Успесите добиваат уште поголема вредност кога се споделуваат со оние кои се дел од нив. Во годината кога одбележуваме 90 години „Алкалоид“, посебна вечер им посветивме на нашите соработници и партнери од Македонија, со кои низ годините градиме односи засновани на доверба, почит и заеднички вредности. Во пријатна атмосфера исполнета со дружење и со убави моменти, не прославивме само значаен јубилеј, туку и партнерства кои имаат важна улога во нашиот развој и успех. Благодарни за довербата, соработката и заедничките достигнувања, продолжуваме да создаваме нови успешни приказни! 90 години „Алкалоид“. Здравјето пред сè! #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе
Посетете нè
Некои моменти се паметат долго. А некои стануваат дел од историјата. Токму таква беше централната јубилејна прослава на „Алкалоид“ во Националната опера и балет – вечер во која преку музика, уметност и силни емоции ја раскажавме приказната за девет децении постоење, развој и достигнувања. На едно место обединивме голем број истакнати гости од општествениот и деловниот живот, заедно со колегите, партнерите, соработниците и пријателите од земјава и од светот кои низ годините биле дел од нашиот пат. Јубилеј кој ќе го паметиме со гордост и кој ќе остане трајна инспирација за новите поглавја што заедно ќе ги испишуваме. 90 години „Алкалоид“. Здравјето пред сè! #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе
Посетете нè
Страница специјално развиена за здравствени професионалци
Посетете не и пронајдете интересни и корисни содржини, збогатете ги своите знаења, и дознајте како понудените информации и алатки можат да ви помогнат во вашата секојдневна грижа за пациентите.









