Приготвен од специјално одбрани билки со потврден квалитет, чиj состав претставува мешавина од сладок анасон, од камилица и од листови од матичина. Покрај дејството да ги ублажува стомачните грчеви, инстант-чајот за добра ноќ истовремено придонесува за подобар сон.
Слаткиот анасон и камилицата имаат карминативно и спазмолитично дејство. Тие го поттикнуваат лачењето желудочен сок и ја подобруваат перисталтиката, со што го подобруваат варењето на храната (таа подобро се разградува и се ресорбира). Воедно, го помагаат и отстранувањето гасови од системот за варење, при што се намалува надуеноста на цревата и се смируваат грчевите.
Цветовите од камилица, поради компонентите што ги содржат во етеричното масло, имаат и противвоспалително и антимикропско дејство. На камилицата ѝ се препишуваат и својства за олеснување на искашлувањето, а, исто така, таа дејствува благопријатно и при несоница и при состојби на вознемиреност. Листовите од матичина ги ублажуваат проблемите со варењето на храната и имаат смирувачко дејство, со што помагаат за полесно заспивање и за подобар сон.
Производот не содржи:
сахароза
вештачки бои
aроми
конзерванси
млечни протеини
глутен
Достапен е во пакување од 200 g, во цилиндрична кутија со практичен начин на отворање, како и во пакување од 20 кесички со приспособена доза од 5 g за уште поедноставна употреба.
5 gr, 200 gr
20 кесички, 1 пакување