Becutan инстант чај од сладок анасон и од цвет од камилица

Инстант–чајот Becutan од сладок анасон и од цвет од камилица е приготвен од специјално одбрани билки со потврден квалитет. Неодоливо слатка и вкусна напивка, приготвена со особено внимание за нашите најмили.

Слаткиот анасон и камилицата имаат карминативно и спазмолитично дејство. Тие го поттикнуваат лачењето желудочен сок и ја подобруваат перисталтиката, со што го подобруваат варењето на храната (таа подобро се разградува и се ресорбира). Воедно, го помагаат и отстранувањето гасови од системот за варење, при што се намалува надуеноста на цревата и се смируваат грчевите.

Цветовите од камилица, поради компонентите што ги содржат во етеричното масло, имаат и противвоспалително и антимикропско дејство. На камилицата ѝ се препишуваат и својства за олеснување на искашлувањето, а, исто така, таа дејствува благопријатно и при несоница и при состојби на вознемиреност.

Производот не содржи:

  • вештачки бои

  • aроми

  • конзерванси

  • млечни протеини

  • глутен

Достапен е во пакување од 200 g, во мерач со практичен начин на отворање, како и во пакување од 20 кесички со приспособена доза од 5 g за уште поедноставна употреба.

5 gr, 200 gr

20 кесички, 1 пакување

Becutan инстант чај од сладок анасон и од цвет од камилица

Слични производи