alt
Ленено семе

Ова е семе од билката Linum usitatissimum L. Семето изобилува со растителни масти, односно нешто повеќе од една третина од целокупниот состав, од кои најзастапени се масните киселини омега 3, а нешто помалку и омега 6.  

Има голема количина растителни влакна, околу една третина, растворливи и нерастворливи, поради што може да апсорбира значителна количина вода. Во топла течност лененото семе ќе набабри за десетина минути, додека во ладна вода се потребни барем два часa. 

Лененото семе се користи цело или сомлено во печива; во десерти, како на пример во филови, во пудинзи и во колачи; во напитоци, како на пример смути; за подготовка на крекери или на колачи и др. 

100g

Ленено семе