Детскиот сапун Becutan со екстракт од камилица и со Де-пантенол нежно ја чисти и истовремено ја негува детската кожа. Збогатен е со природни состојки што придонесуваат за поголема хидратација. Екстрактот од камилица ја спречува појавата на црвенило, а Де-пантенолот ја регулира влажноста на кожата и ги подобрува нејзиниот изглед и функција.
Зошто е важна хидратацијата на детската кожа?
Заштитата на организмот од негативните влијанија на околината е една од најважните функции на кожата. Основен предуслов за нормално извршување на оваа функција е кожата да биде мека и еластична, што подразбира добра способност на површинскиот слој на кожата да ја врзува водата. Токму поради ова состојките како Де-пантенол кои ја регулираат влажноста на кожата влијаат врз подобрување на нејзината заштитна функција.
Детскиот сапун Becutan не содржи конзерванси, а по миењето кожата останува нежна и мека.
90G