Го помага заздравувањето на оштетените делови од бебешката кожа, пред сé, на деловите каде што може да се јави пеленски дерматитис, како последица од допирот на нежната кожа со влагата и со нечистотиите од пелената. Клинички е докажано дека овој препарат ја смирува иритираната и воспалена бебешка кожа и дека може да се применува уште од првиот ден по раѓањето.
Кремот во својот состав содржи:
екстракт од алое вера кој ја одржува нормалната влажност и ја смирува кожата;
Де-пантенол кој ја регулира влажноста и ја штити кожата од негативните влијанија на околината, како што се влагата и нечистотиите од пелената;
цинк оксид кој создава тенок заштитен слој, што ја одржува површината на кожата сува, а истовремено ги спречува и ги смирува црвенилото, исипот и иритацијата кај надразнетата кожа. Дејствува и како антиоксиданс.
50ML