Becutan детски бадемов крем

Следејќи ги секојдневните потреби на најмалите, развиена е нова формулација на крем наменет за секојдневна нега на бебешката и детска кожа, чиj состав, во својата содржина, се базира на масло од бадем.

Детскиот бадемов крем Becutan има исклучително блага и хипоалергенска формулација, а сите компоненти што влегуваат во неговиот состав имаат дејство да ја подобруваат влажноста на кожата, даја смируваат и превентивно да дејствуваат против појавата на црвенило и на иритации.

Во својот состав содржи:

  • масло од бадем, кое е богато со витамини А, Е и Д. Маслото помага за одржување на нормалната влажност на кожата, а истовремено го намалува црвенилото на кожата и ја зголемува нејзината отпорност кон надворешните влијанија;

  • ланолин, кој ја одбива водата од површината на кожата и создава физичка преграда при допирот со влага, а притоа го спречува сушењето на кожата и помага во одржувањето на нејзината природна влажност;

  • цинк оксид, кој создава тенок заштитен слој и ја одржува површината на кожата сува, а истовремено ги спречува и ги смирува црвенилото, лишајот и иритацијата кај надразнетата кожа;

  • вазелин, кој го подобрува заздравувањето на испуканата кожа и го спречува губењето на влага од кожата.

Кремот може да се користи и во пеленската регија. Не содржи парабени, бои и алкохол. Се нанесува во тенок слој, на чиста кожа со благо триење.

100ML / 200ML

Becutan детски бадемов крем

Слични производи