Invalid DateTime

Еден работен ден во Алкалоид

Интервју во Александра Крстевска


„’If you want to go fast, go alone. If you want to go far, go together’ e мотото на нашиот тим Физибилити. Како член на тимот ми причинува големо задоволство да работам во една динамична и различна средина, во која секојдневно сум опкружена со професионалци од различни научни области.

 

Колегите од мојот тим ми се секојдневна инспирација и мотивација, а сметам дека е тоа клучната алатка во наоѓањето секојдневна среќа и возбуда на работното место. Моите активности се сконцентрирани на осмислување, креирање и на поставување на иницијалната регулаторна стратегија. И, притоа, многу сум среќна што „Алкалоид“ ми остава простор да ја внесам својата креативност и автентичност во секојдневната работа, што дополнително ми ја продлабочува желбата за истражување, себедоусовршување и за надградување, и професионално и приватно“ Александра Крстевска, постар истражувач за регулаторни работи, Физибилити.


Доколку сакате да бидете дел од тимот кој ги поместува границите, испратете ја својата апликација на career.alkaloid.com.mk и започнете ја својата Алкариера!


#АлкалоидСкопје #Алкариера