Invalid DateTime

Еден работен ден во Алкалоид

Интервју со Андријана Груевска


„Мојата работа како координатор во Службата за управување со матични податоци е, пред сè, фокусирана на обработка, уредување и на управување со информациите поврзани со матичните податоци на компанијата, нешто што за мене претставува предизвик и бесконечен извор на инспирација.

 

Секој работен ден е посебно доживување исполнето со нови искуства и со можност за личен и за професионален напредок и развој. Големо задоволство ми е што сум дел од еден извонреден тим, во кој секој член со својот креативен и аналитичен пристап спрема истражувањето информации придонесува за нашиот заеднички успех. Со особена страст и преданост кон работата заедно ги надминуваме пречките, изнаоѓаме иновативни решенија и се стремиме да бидеме во тек со најновите технологии и трендови во индустријата. Да продолжиме да се инспирираме едни со други, да ги прифаќаме предизвиците со кои секојдневно се соочуваме и да ги поместиме границите одејќи напред со нашите заложби!“ - Андријана Груевска, Координатор за управување со матични податоци, Фармација.


Доколку сакате да бидете дел од тимот кој ги поместува границите, испратете ја својата апликација на career.alkaloid.com.mk и започнете ја својата Алкариера!


#АлкалоидСкопје #Алкариера