30 авг. 2022 г.
Еден работен ден во Алкалоид
Интервју со Билјана Стефановска
Еден работен ден во Алкалоид
Интервју со Билјана Стефановска
„Производството е една динамична и мултидисциплинарна активност, која крајно ќе резултира со тоа готово кутиче. Работното место, како и задачите и одговорностите што ги носи тоа ја диктираат динамиката на денот. Работниот ден започнува со поставување цели за тоа што се очекува да се сработи и се планираат дневните активности. Во текот на смената континуирано се контролира работата на секој сегмент, што подразбира контрола на правилното и безбедно ракување со опремата, материјалите и со производите од страна на вработените, а во согласност со пропишаните правила и упатства дадени во воспоставените стандардни оперативни постапки (сопови), процедури и водичи. Грижата за почитувањето на строгите GMP-норми и политиката за квалитет се основата на која се базира сиот процес за добивање квалитетен, безбеден и ефикасен производ - лек. На крајот на денот, кога ќе се погледне палетата со спакуван, готов производ, подготвен за испорака, се создава позитивно чувство за успешно постигнатата цел. Во тој момент сите активности што претходно сме ги спровеле, навидум, остануваат во втор план, но ја дефинираат вредноста и значењето на чувството на задоволство“, Билјана Стефановска, раководител на смена во Производство - цефалоспорини.
Доколку се прашувате како би изгледал вашиот работен ден во „Алкалоид“, испратете ја својата апликација на career.alkaloid.com.mk!