24 окт. 2023 г.

Еден работен ден во Алкалоид

Интервју со Дора Димовска

„Секој мој работен ден е непредвидлив и динамичен, со оглед на тоа што тимот на ИСПМА посветено работи на менаџирање разновидни сложени стратешки иницијативи, од идеја до реализација, како што се гринфилд-инвестициите за нови производствени погони, потенцијалните аквизиции, стратешките партнерства за договорно производство и за развој, изработката на проекти за апликации за грантови поддржани од ЕУ и воведувањето иновативни производствени сегменти и бизнис-модели.

 

Во рамките на моите одговорности се и пронаоѓањето и евалуацијата на нови идеи, како и проектното менаџирање на комплексниот развој на лекови со додадена вредност, кое ќе овозможи 'Алкалоид' да се диференцира од другите генерички компании. Со тимска работа и со агилен пристап при координирањето на проектите, сите интерно и екстерно засегнати страни придонесуваме за побрзо приспособување на промените и за реализирање на компаниските цели“, Дора Димовска, координатор за иновации, стратешки проекти и M&A, Фармација.

 

Доколку сакате да бидете дел од тимот кој ги поместува границите, испратете ја својата апликација на career.alkaloid.com.mk и започнете ја својата Алкариера!


#АлкалоидСкопје #Алкариера