24 окт. 2023 г.
Еден работен ден во Алкалоид
Интервју со Елеонора Трајковска – Стојчевска
Еден работен ден во Алкалоид
Интервју со Елеонора Трајковска – Стојчевска
„Постојаното усовршување, меѓусебното пренесување на знаењето и поддршката на тимот придонесуваат за успешна реализација на секојдневните предизвици во Истражување и развој на нови козметички производи.
Како водител на проекти за развој на козметички производи, особено за влажни марамчиња, учествувам во создавањето на козметички производи за најмалите со многу љубов и врвен квалитет следејќи ги светските стандарди.
Проектите започнуваат од идеа за нов производ, следејќи го процесот на развој на формулација на козметичките производи, нивно тестирање преку дерматолошки испитувања и имплементирање во индустриско производство, проследено со валидација на процесот и следење на стабилност.
Испорачуваме безбедни козметички производи во согласност со регулаторните барања и најновите трендови.
Сите проекти успешно се реализираат благодарение на стручноста, соработката, добрата комуникација и кординација меѓу секторите интерно во компанијата, како и со надворешните соработници.
Клуч на успехот е континуиран развој!“, Елеонора Трајковска Стојчевска, самостоен истражувач координатор во развој на козметички производи.
Доколку сакате да бидете дел од тимот кој ги поместува границите, испратете ја својата апликација на career.alkaloid.com.mk и започнете ја својата Алкариера!
#АлкалоидСкопје #Алкариера