30 авг. 2022 г.

Еден работен ден во Алкалоид

Интервју со Маријана Митевска


„Мојот работен ден во Производство – цефалоспорини е исполнет со динамика, голема одговорност и со постојани предизвици. Секој новозапочнат ден за мене претставува ново искуство, со дополнителен мотив утре да се научи уште повеќе. Комплексноста на сите производствени процеси што се одвиваат во Производство - цефалоспорини налагаат, пред сѐ, тимска работа и мултидисциплинарен пристап. Текот на еден мој работен ден би го опишала како еден верижени меѓусебно зависен систем, во кој преку координирани и преку строго утврдени процедури и постапки, заедно со колегите, вршам спроведување и контролирање на производствените процеси и системи преку јасно доделени задачи. Во согласност со нормите GMP (ДПП - добра производствена пракса) и во координација со колегите од другите оддели, вршам валидација на новите производствени процеси, на новите опреми, на чистота на опремите и на просториите, како и истрага на девијации, ризици… Иако во еден работен ден приоритет за мене секогаш се професионалноста и целосната посветеност на моите работни задачи, останува и повеќе од доволно време , кое го користам за моето семејство и за пријателите, како и за моите хобија и слободни активности надвор од работните часови“, Маријана Митевска – помлад раководител на смена во Производство - цефалоспорини.


Доколку се прашувате како би изгледал вашиот работен ден во „Алкалоид“, испратете ја својата апликација на career@alkaloid.com.mk и започнете ја својата Алкариера!


#АлкалоидСкопје #Алкариера