24 окт. 2023 г.

Еден работен ден во Алкалоид

Интервју со Нина Петковска


„Менаџирање на глобалното портфолио на интелектуална сопственoст на компанијата е клучна одговорност за нашиот тим. Динамичноста на нашата работа претставува секојдневен предизвик при креирањето најдобра стратегија за заштита и за препознатливост на уникатниот идентитет на нашата компанија.

 

Преку креативност за нови бренд-имиња, утврдување ризици, регистрација и одржување на важноста на правата, нашиот тим се грижи за секој аспект од портфолиото на трговски марки, дизајни и на авторски и сродни права. Со континуирано следење на најновите трендови и промени во областа и преку мониторинг, лиценцирање и заштита од повреди на правата, остануваме конкурентни и во чекор со индустријата.

 

Денот го завршувам со чувство на задоволство знаејќи дека со автентичност, инвентивност и со соработка придонесуваме за континуиран раст и развој на компанијата“, Нина Петковска, менаџер во Трговски марки, Медицински работи, портфолио, глобална фармаковигиланца и трговски марки – Фармација.


Доколку сакате да бидете дел од тимот кој ги поместува границите, испратете ја својата апликација на career.alkaloid.com.mk и започнете ја својата Алкариера!


#АлкалоидСкопје #Алкариера