10 мар. 2022 г.

Еден работен ден во Алкалоид

Интервју со Верче Јовановска-Јанковска

„Да се биде на една од клучните позиции во фармацевтска индустрија каква што е ‘Алкалоид’ значи огромна привилегија, но и обврска за континуирана работа, учење и за соочување со секојдневните предизвици. Одговорноста кон заложбата за квалитет, која низ годиниве стана препознатлив бренд за нашата компанија, а која ја носам заедно со сите колеги во системот за квалитет на ‘Алкалоид’, се покажува како низ задоволството на нашите купувачи така и низ потврдата од голем број и редовни регулаторни и партнерски инспекции/аудити. 

Комуникацијата со врвни професионалци од ‘Алкалоид’, почнувајќи од моите најблиски соработници во Обезбедување квалитет, но и во целиот систем за квалитет на ‘Алкалоид’, како и многубројните интерни и екстерни обуки овозможуваат огромна ризница на знаење, кои, и покрај долгогодишното искуство, секогаш отвораат врати за нови предизвици. Динамиката и шареноликоста на нашето секојдневие го прават поинтересен, но и попредизвикувачки секој изминат ден. Насоката на системот за квалитет кон континуирано подобрување на процесите отвора можности за постојана надградба.


Успехот на ‘Алкалоид’ не е случаен, туку е резултат на постојан, интелигентен и на сплотен напор на сите негови вработени.


Ако сакате не само да учите од вистински професионалци туку и да чекорите рамо до рамо со лица со висок степен на чесност и на интегритет, ‘Алкалоид’ е вистинското место каде што можете да го реализирате тој сон.


Доколку ваш предизвик се знаењето, искуството, како и сопствената надградба, но и ако сакате да работите во позитивна, креативна и во успешна работна средина, станете дел од големото семејство на ‘Алкалоид’“, Верче Јовановска-Јанковска.