Скокни до содржината
Alkaloid AD Skopje logo
Becutan›Becutan сет за ден

Becutan сет за ден

Becutan сетот за ден се состои од кутија со четири производи кои се одличен избор за почетна нега и хигиена на вашето малечко, во текот на целиот ден. 


Шампон и пенливо средство за капење Becutan 2 во 1 (200 ml) – збогатен со комбинација на активни материи од природно потекло, кои имаат благо дејство и кои овозможуваат двојната намена на производот во целост да биде приспособена кон потребите на детската кожа и коса.


Млеко Becutan Sensitive за нега на чувствителна кожа (200 ml) – со потхранувачко дејство, благодарение на комбинацијата на состојки како што се шеа-путерот, бадемовото масло и глицеринот, кои лесно навлегуваат во површинските слоеви и овозможуваат длабока хидратација на бебешката кожа.


Детски сапун Becutan (90 g) – темелно ја чисти и ја негува детската кожа. Внимателно избалансираната pH-вредност и оптималната количина глицерин ја штитат кожата од сушење.


Влажни марамчиња Becutan со камилица (20/1) – обезбедуваат темелна хигиена и тонизација на детската кожа. Хидратантната емулзија, која, исто така, содржи екстракт од камилица, ја штити кожата од сушење и од иритација. Се препорачуваат за употреба и кај возрасни со чувствителна кожа.


За вас или за подарок - изберете Becutan сет за ден!

becutan_set_den-01.png

Слични производи