Овој производ претставува идеална комбинација на два производa за нега и за хигиена на детската кожа и коса во еден чекор.
Составот на производот е збогатен со комбинација активни материи од природно потекло, кои имаат благо дејство и овозможуваат двојната намена на производот во целост да биде приспособена кон потребите на детската кожа и коса.
Една од состојките, глицерил олеат, ѝ припаѓа на групата биолипиди и е физиолошка состојка на кожата, а како составен дел на овој производ овозможува одржување на биолипидната рамнотежа на кожата и придонесува за подобрување на нејзината заштитна функција.
Екстрактот од алое вера дејствува антиинфламаторно, односно спречува појава на иритација и на црвенило, а Де-пантенолот ја регулира влажноста на кожата и не дозволува нејзино сушење, истовремено придонесувајќи косата да биде еластична и сјајна.
Екстрактот од пченични ’ркулци ја заштитува кожата од сушење и влијае врз подобрување на нејзината мекост и еластичност. Пченичните ’ркулци веќе имаат докажано благопријатно дејство и кога е негата на косата во прашање. Оваа состојка придонесува за зајакнување на влакното овозможувајќи косата да биде мазна, мека и сјајна.
Производот содржи и регенератор што овозможува расчешлувањето да биде лесно и пријатно дури и за дечињата со бујна и кадрава коса.
Со своето двојно дејство, овој производ овозможува негата на детската кожа и коса да биде едноставна, а притоа во целост приспособена кон нивните потреби. По капењето кожата ќе биде нежна и мека, а косата лелеава и сјајна.
Производот е клинички тестиран.
200ML / 320ML / 400ML