alt
Becutan колекција за сончање за деца

Кремот за сончање Becutan СПФ 50 (Becutan High Protection Sun Cream SPF 50),

Млекото за сончање Becutan СПФ 30 (Becutan High Protection Sun Milk SPF 30)

и Млекото за сончање Becutan во спреј СПФ 20 (Becutan Medium Protection Sun Lotion SPF 20)

содржат УВА- и УВБ–филтри, кои обезбедуваат сигурна заштита

за бебешката и детска кожа од ултравиолетовите зраци.

Покрај заштитата од штетното влијание на сончевите зраци,

овие производи имаат својство и да ја негуваат кожата.

Во својот состав содржат:

  • маслиново масло – ја хидрира кожата и дејствува против појавата на црвенило;
  • екстракт од камилица – ја штити кожата од иритација,
  • има антибактериско дејство и смирува евентуална појава на црвенило;
  • витамин Е – ја одржува нормалната влажност на детската кожа и ја прави мека и еластична;
  • Де-пантенол – ја хидрира кожата.

Производите се клинички тестирани.

Начин на употреба:

  • Се нанесува на сува кожа 15 минути пред да излезете на сонце или по секое капење.
  • Се препорачува почесто да се нанесува.

Внимавајте!

  • Една единица фактор овозможува десет минути заштита од сонце.
  • Не изложувајте се на директна сончева светлина во периодот од 12 до 16 часот
  • (ултравиолетовите зраци во овој период се со највисок интензитет).
  • Не се изложувајте на директна сончева светлина во периодот од 12 до 16 часот
  • (ултравиолетовите зраци во овој период се со највисок интензитет).
  • Бебињата и малите деца да не се изложуваат директно на сонце.


Млеко за сончање Becutan SPF 50 -FAMILY-

 

Млекото во спреј Becutan SPF 50 е погодно за целото семејство. Овозможува висока заштита на кожата од штетното УВ-зрачење при секојдневното изложување на сонце, а особено во летниот период. Комплексната формулација на новиот производ се заснова на употреба на висококвалитетни, фотостабилни хемиски УВ-филтри, со широк спектар на дејство, кои ги апсорбираат сончевите УВА- и УВБ-зраци. Млекото содржи внимателно избрани состојки кои обезбедуваат подобра дистрибуција на заштитните филтри на површината на кожата, а со тоа овозможуваат лесна и практична апликација на производот.

 

Млекото е дополнително збогатено со глицерин, кој потпомага во одржувањето на природната хидратација на кожата, и со витамин Е. Витаминот Е со своето антиоксидативно дејство ја појачува ефикасноста на заштитните филтри преку намалување на процесот на формирање на слободните радикали, кои се последица на изложувањето на штетните УВ-зраци, го стимулира процесот на заздравување и на регенерација на кожата и влијае врз заштитата и врз одржувањето на природниот липиден баланс на кожата.

 

Клинички тестиран.


Само за надворешна употреба.


Начин на употреба: нанесете обилно на сува кожа 15 минути пред изложување на сонце и повторно аплицирајте, особено по потење, пливање или по бришење со пешкир. Со нанесување помала количина од производот значително се намалува нивото на заштита. Бебињата и малите деца да не се изложуваат директно на сонце.

 

Избегнувајте предолго изложување на сонце, дури и при употреба на производ за заштита од сончевите зраци, бидејќи тоа претставува сериозен ризик за здравјето.


Млекото Becutan за по сончање (Becutan After Sun Milk) е идеално за враќање на влажноста на кожата по нејзиното изложување на сонце. Брзо се впива, а големиот процент вода што го содржи интензивно ја навлажнува кожата.


Во својот состав содржи:

  • маслиново масло - ја прави кожата помека;
  • масло од невен – ја смирува и ја регенерира кожата;
  • камилица – дејствува антибактериски и смирува евентуална појава на црвенило;
  • Де-пантенол - ја хидрира кожата.


Клинички тестиран.


Начин на употреба:

се нанесува на чиста кожа по сончање.

Becutan колекција за сончање за деца

Слични производи