Becutan newborn aqua pure влажни марамчиња

Здравата, чиста и негувана бебешка кожа е предуслов за натамошна заштита од нечистотиите што доаѓаат во допир со кожата.


Според поновите препораки на педијатрите, формулациите на влажните марамчиња што се на база на прочистена вода се најдобра пракса во одржувањето секојдневна хигиена и нега на чувствителната бебешка кожа, особено во услови кога повивањето се практикува почесто, а притоа нема можност кожата да се измие со млака, проточна вода.


Влажните марамчиња Becutan Newborn Aqua Pure во својот состав содржат дури 99% прочистена вода и токму поради тоа имаат примарна улога во одржувањето секојдневна хигиена на кожата кај новороденчињата.

Внимателно избраната формулација без алкохол е соодветна и за лица со чувствителна кожа. Влажните марамчиња се дерматолошки тестирани, со неутрална pH-вредност и се исклучително нежни.


Во својот состав содржат 99% прочистена вода. 


Дерматолошки тестирани.


Becutan newborn aqua pure влажни марамчиња

Слични производи