Medical гел за дезинфекција на раце

50 ML, 75 ML И 400 ML 

 

Години наназад етил алкохолот бил користен како ефикасно антисептично средство во рамките на здравствената заштита, за да се избегне пренесувањето патогени микроорганизми.

Оттаму и инспирацијата за создавање гел Medical за дезинфекција на рацете, во кој активна компонента ќе биде етил алкохолот. Гелот Medical содржи оптимално приспособена концентрација на алкохол, кој овозможува уништување на 99,9 % (исклучок се некои спори на бактерии) од бактериите што се среќаваат на рацете, а се најчести причинители на гастроинтестинални и на респираторни инфекции.  

Биоцидното средство Medical, гел за дезинфекција на рацете, во својот состав има минимум 70 % (v/v) алкохол (етанол), концентрација која, во согласност со литературните истражувања, е доволна за да се инактивира вирусот SARS-CoV-2 во времетраење од 30 секунди. 

Гелот Medical е достапен во четири форми – туба 50 ml, туба 75 ml, шише со пумпа 400 ml и резервно пакување 400 ml. Доволно е да нанесете мало количество од гелот на рацете, лесно да го размачкате и да го оставите да се исуши на воздух. Дезинфекцијата започнува по 30 секунди од нанесувањето.

Гелот Medical е збогатен со емолиенси и со пријатен мирис на алое вера, па може да се користи повеќепати во текот на денот, при што кожата останува нежна, мека и освежена. Гелот Medical е соодветен за користење во болници, ординации, во училишта, градинки, хотели, во ресторани, канцеларии и во јавни тоалети. Како превентива од инфекции, особено е добро гелот Medical да го имате со себе по користење тоалет, особено јавни тоалет, пред да имате контакт со храна, како и по кивање, кашлање и по секнење на носот 

50ML / 400ML

Medical гел за дезинфекција на раце

Слични производи