Скокни до содржината
Alkaloid AD Skopje logo
Нега за кожа›YOUNG DERM крем за длабински третман на акни со масло од чајно дрво

YOUNG DERM крем за длабински третман на акни со масло од чајно дрво

Кремот е наменет за длабински третман на акни, врз база на присуството на масло од чајно дрво. И овој производ е збогатен со природни, екосертифицирани екстракти од камилица и од манго.

  • Маслото од чајно дрво ги суши акните, го отстранува вишокот маснотија и дезинфицира. Маслото има моќно антибактериско дејство – ги убива штетните бактерии кои ги има на кожата, особено бактеријата Propionbacterium acnes, која е главен предизвикувач на создавањето акни. Со редовна употреба на кремот може да се редуцира создавањето на акните и појавата на лезии на кожата.

  • Екстрактот од камилица и бисабололот (активна компонента од маслото од камилица) имаат антиинфламатарно дејство врз кожата, т.е. го смируваат црвенилото и спречуваат појава на понатамошна иритација.

  • Екстрактот од манго дејствува астрингентно – ги стеснува порите на кожата и помага во смирување на акничните лезии. Воедно, има и антиоксидативно дејство – ги неутрализира штетните слободни радикали во кожата. Дејствува на подобрување на микроциркулацијата на кожата, со што ја подобрува размената на хранливите материи во клетките на кожата и таа станува мазна, нежна и еластична.

Оваа комбинација на активни компоненти истовремено овозможува длабински третман на акните и нега на кожата.

Упатство за употреба: кремот се нанесува на проблематичните делови, навечер, по темелно чистење на кожата со лосионот YOUNG DERM.

50 ml
<p>YOUNG DERM крем за длабински третман на акни со масло од чајно дрво</p>

Слични производи