30 дек. 2021 г.
АЛКАЛОИД АД Скопје – добитник на наградите за Најтранспарентно котирано акционерско друштво и за Акција на годината за 2021 година
АЛКАЛОИД АД Скопје – добитник на наградите за Најтранспарентно котирано акционерско друштво и за Акција на годината за 2021 година
Традиционално на крајот на календарската година од страна на Македонска берза АД Скопје се доделуваат награди за најпрепознатливите и најактивните издавачи на хартии од вредност. АЛКАЛОИД АД Скопје е добитник на престижната награда за Најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2021 година и тоа во две категории, по избор на пазарни учесници и по избор на новинари.
Наградата освоена по 9-ти пат го потврдува високото ниво на корпоративно управување во компанијата, како и транспарентноста во работењето и квалитетот на комуникацијата со инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста воопшто.
АЛКАЛОИД АД Скопје во своето портфолио оваа година вклучува уште една награда и тоа за Акција на годината за 2021 година согласно гласовите на пошироката инвестициска јавност врз основа на заедничка анкета на Берзата и порталот „Фактор“.
АЛКАЛОИД АД Скопје континуирано остварува позитивни резултати од работењето и се стреми кон градење на одржлив модел на раст и развој на друштвото нудејќи притоа јасна предвидливост на очекувањата кон пошироката заедница и сите заинтересирани страни. Ќе продолжиме со јакнење на овие сегменти од нашето работење и во годините што доаѓаат.