1 апр. 2016 г.

Алкалоид АД Скопје – добитник на две награди во рамките на „Годишната конференција на Македонска берза АД Скопје“

Во рамките на „Годишната конференција на Македонска берза АД Скопје“ на Алкалоид АД Скопје му беа доделени две награди:

- Награда „Кристално ѕвоно“ за постигнато второ место за најтранспарентно акционерско друштво котирано на Македонска берза, за 2015 година;

- Награда за постигнато второ место за котирано друштво со најголем остварен промет во изминативе 20 години од постоењето на Македонската берза за хартии од вредност.

Овие награди претставуваат уште едно признание за нивото на корпоративното управување, транспарентноста во работењето и квалитетот на комуникацијата со инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста воопшто.