14 мај 2013 г.
Алкалоид АД Скопје – добитник на наградата „Кристално Ѕвоно“ за 2012
Алкалоид АД Скопје – добитник на наградата „Кристално Ѕвоно“ за 2012
Транспарентноста во операциите, навременото и квалитетно објавување на ценовно-чувствителните информации преку електронскиот систем за известување на Берзата и односот со медиумите и јавноста беа причините Алкалоид АД Скопје да стане добитник на наградата „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2012 година.
Наградата беше доделена во рамките на „Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2013“ во организација на Македонската Берза АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје одржана на 9 мај 2013 година.