29 мај 2014 г.
Алкалоид АД Скопје – добитник на наградата „Кристално Ѕвоно“ за 2013
Алкалоид АД Скопје – добитник на наградата „Кристално Ѕвоно“ за 2013
Алкалоид АД Скопје по четврти пат ја доби наградата Кристално ѕвоно за најтранспарентно акционерско друштво котирано на Македонска берза АД Скопје, овојпат за 2013 година.
Наградата беше доделена во рамките на „Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2014“ во организација на Македонската Берза АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје одржана на 16 мај 2014 година.
Оваа награда претставува уште едно признание за нивото на корпоративното управување и корпоративната општествена одговорност, транспарентноста во работењето и квалитетот на комуникацијата со инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста воопшто.