28 апр. 2017 г.

Алкалоид АД Скопје – добитник на наградата „Кристално Ѕвоно“ за 2016

Алкалоид АД Скопје ја доби наградата „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно акционерско друштво котирано на Македонска берза АД Скопје, за 2016 година.

Наградата беше доделена во рамките на „Годишната конференција на Македонска берза АД Скопје“ одржана на 21 април 2017 година.

Оваа награда претставува уште едно признание за нивото на корпоративното управување, транспарентноста во работењето и квалитетот на комуникацијата со инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста воопшто.