3 апр. 2019 г.

Алкалоид АД Скопје – добитник на наградата „Кристално Ѕвоно“ за 2018 година

Алкалоид АД Скопје ја доби наградата „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно акционерско друштво котирано на Македонска берза АД Скопје, за 2018 година.

Наградата беше доделена во рамките на дваесеттата годишна конференција во организација на Македонска берза АД Скопје, одржана на 29-ти март 2019 година.

Оваа награда го потврдува високото ниво на корпоративно управување во компанијата, како и транспарентноста во работењето и квалитетот на комуникацијата со инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста воопшто.