21 мај 2012 г.
Алкалоид доби интегрирана еколошка дозвола
Алкалоид доби интегрирана еколошка дозвола
Грижата за животната околина е еден од долгорочните принципи на деловната политика на Алкалоид АД – Скопје, а согласно со начелата на добрата производствена практика системот за управување со животната средина е дел од интегрираниот систем за управување со квалитетот.
Заради усогласување со законската регулатива во земјава и со закoнодавствството на ЕУ, како и заради интегрирано спречување и контрола на загадувањето, Алкалоид АД – Скопје во 2007 година ги отпочна подготовките за добивање интегрирана еколошка дозвола, потфат за кој се вложени над половина милион евра.
Интегрираната еколошка дозвола на генералниот директор на Алкалоид АД – Скопје, г. Живко Мукаетов, му ја врачи министерот за животна средина и просторно планирање, г. Абдилаќим Адеми.
Со добивањето на оваа дозвола Алкалоид АД – Скопје се вброи во листата на одговорни компании кои во текот на секојдневните производствени операции се грижат и водат сметка за интегрирано спречување и контрола на загадувањето на животната средина.