„Aлкалоид“ - добитник на јубилејно признание за општествена одговорност и национална награда за ‘однос кон вработените’
Во рамки на десеттото јубилејно доделување на Наградата за општествено одговорни практики на македонските претпријатија, во организација на Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност, „Алкалоид“ е добитник на наградата за најдобра општествено одговорна практика во категоријата ‘Однос кон вработените’, за проектот „Имплементација на системот за управување со таленти“.

