29 ноем. 2022 г.
„Алкалоид“ му донираше лабораториска опрема на Средното медицинско училиште СМУГС ,,Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје
Во духот на досегашната успешна и долгогодишна соработка со Средното медицинско училиште СМУГС ,,Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје, а за потребите од опремување на нивната училишна лабораторија, „Алкалоид“ АД Скопје му додели донација на училиштето во вид на лабораториска опрема.
Лабораториската опрема се состои од лабораториски дејонизатор на вода, чиј капацитет е производство на 30 l/h прочистена вода, која ќе придонесе за успешна организација и за изведба на планираните вежби во склоп на практичната настава во училиштето, како и за подобрување и за унапредување на условите во образованието на учениците.
Како општествено одговорна компанија придонесуваме за подобрување на условите во кои учат и изведуваат практична настава сите ученици од училиштето. Ова е само еден во низата проекти за успешна соработка со СМУГС ,,Д-р Панче Караѓозов“. Веќе две парцијално дуални паралелки од училиштето се дел од „Алкалоид“ АД Скопје, при што учениците дел од наставната програма по предметот Учење преку работа реализираат во најсовремено опремената Тренинг-лабораторија во рамките на Центарот за едукација и за обуки на компанијата.
Со оваа иницијатива продолжуваме да вложуваме во едукацијата на млад, стручен кадар во нашата земја и да ја унапредуваме нашата соработка со СМУГС ,,Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје. Преку реализација на голем број проекти во делот на образованието, „Алкалоид“ уште еднаш ги истакна својата заложба и својот придонес во активностите за општествена одговорност, во насока на подобрување на условите за правилен развој и за квалитетно образование на младите.