25 септ. 2014 г.
Алкалоид позитивно ја помина инспекцијата за добра производна пракса (GMP) од Казахстан
Алкалоид позитивно ја помина инспекцијата за добра производна пракса (GMP) од Казахстан
Националниот центар за експертиза на лекови, медицински помагала и медицинска опрема, при Министерството за здравство на Република Казахстан, по извршената инспекција на погоните за производство на цврсти фармацевтски дозни форми и полусинтетски цефалоспорини на „Алкалоид АД Скопје“спроведена во јуни 2014 година, издаде позитивен извештај за сообразност со начелата на Добрата производна пракса (GMP).
Ова е прва инспекција на фармацевтските погони на „Алкалоид“ извршени од страна на авторитетите на земја членка на Заедницата на независни држави (ЗНД), што претставува уште еден доказ за примената на најстрогите европски и интернационални стандарди, што „Алкалоид АД Скопје“ ги практикува во секојдневното работење, и кои се основа за стекнување и одржување на маркетинг авторизациите,што се услов за пласман на фармацевтските производи не само во Република Казахстан, туку и во Русија, Белорусија и дел од останатите земји во регионот.
Оваа инспекција е уште една потврда дека примената на најсовремени производствени технологии и деловни стандарди, како и производството на безбедни, ефикасни и квалитетни лекови ја прават компанијата достоен конкурент на меѓународните пазари.