28 апр. 2016 г.
„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 2% и 53 нови вработувања во периодот јануари – март 2016-та
„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 2% и 53 нови вработувања во периодот јануари – март 2016-та
„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – март 2016 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.
Во периодот јануари – март, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 2.124 милиони денари, што е за 2% повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 4%. Зголемување од 8% е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 349 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 209 милиони денари е зголемена за 5%, покажува консолидираниот Биланс на успех.
Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари – март, продажбите достигнуваат 1.601 милиони денари, што е за 6% повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 307 милиони денари, бележи зголемување од околу 9%, додека нето добивката е зголемена за 8%.
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - март 2016 година изнесуваат 159.893 илјади денари.
Во периодот јануари - март 2016 година во Алкалоид се реализирани 53 нови вработувања во Република Македонија.