5 септ. 2013 г.
„Алкалоид“ успешно ги помина инспекциите од британската агенција за лекови
„Алкалоид“ успешно ги помина инспекциите од британската агенција за лекови
Агенцијата за лекови од Велика Британија (MHRA), по извршената инспекција во погонот за производство на цврсти фармацевтски форми – таблети во профитниот центар Фармација, по вторпат го обнови сертификатот за сообразност со начелата на добрата производна пракса (GMP), дефинирани во директивите на Европската Унија.
Истовремено MHRA издаде и нов сертификат за производство на цврсти желатински капсули, како и за погонот за производство на течни фармацевтски форми, за интерна и за екстерна употреба, за коишто Алкалоид АД – Скопје претходно се здоби со сертификати од Aгенцијата за лекови од Република Бугарија и од Јавната агенцијата за лекови и за медицински помагала од Република Словенија.
Оваа GMP-инспекција и проверка на фармацевтскиот систем за квалитет од страна на MHRA се изврши по првпат на повеќе погони во исто време. Тоа претставува уште една потврда за највисоките европски стандарди што Алкалоид АД – Скопје ги применува во секојдневното работење, а тие претставуваат основа за стекнување и за одржување на авторизациите за пласман на своите производи во Европската Унија.
Со ова Алкалоид АД – Скопје се потврдува како високопрофесионален производител на фармацевтски производи со примена на најсовремени производствени технологии и деловни стандарди, сè со единствена цел – квалитетни, ефикасни и безбедни лекови.