9 авг. 2021 г.

Еден работен ден во Алкалоид

Интервју со Марија Давчева Јованоска

„Мојот работен ден е динамичен, секогаш поразличен од претходниот, исполнет со бројни предизвици. Усогласувањето со барањата за квалитет согласно највисоките стандарди применливи за различни групи на производи во рамките на Интегрираниот менаџмент систем на Алкалоид претставува императив во секојдневното мое работење.


Преку ефективната соработка и комуникација со тимот, како и со колеги од различни сектори, негувајќи го тимскиот дух, користејќи го знаењето, искуството и експертизата, секој предизвик го претвораме во можност за континуирано подобрување на Системот за квалитет.


Доколку сте темелни, со аналитички пристап кон работата, ја почитувате тимската работа и имате желба за континуирано учење и надоградување на вашето знаење, ве очекуваме во нашиот тим заеднички да бележиме нови успеси.“ - Марија Давчева Јованоска, Обезбедување квалитет.