9 окт. 2018 г.

Фондацијата „Трајче Мукаетов" го објави конкурсот за стипендирање

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2018 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-14/1 усвоена на ден 04.10.2018 година објавува

КОНКУРС

За стипендирање на 20 студенти по фармација

1.    УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

•    Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје во трета или четврта година од студии
•    Во текот на студиите да постигнале најмалку 8,0 (осум) просечен успех
•    Да не повторувале година во текот на студирањето
•    Да се државјани на Република Македонија
•    Да имаат неопходна потреба од финансиски средства за подршка на студирањето.

2.    ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

•    Молба
•    Кратко CV
•    Потврда за редовно запишан петти или седми семестер за учебната 2018/2019 година
•    Уверение за државјанство на Република Македонија
•    Фотокопија од прва страна на индекс
•    Уверение за положени испити и постигнат успех
•    Документи кои ја потврдуваат потребата од финансиски средства за подршка на студирањето

3.    НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ 

Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар: „Александар Македонски“ бр.12
1000 Скопје
Документите се поднесуваат од 09.10.2018 година до 22.10.2018 година исклучиво по пошта.

4.    ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Ќе се стипендираат 20 студенти од третта година и четврта година Фармацевтски факултет. 
Висината на стипендијата ќе изнесува 6.500,00 денари месечно (нетто износ).

Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.
За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2018 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-16/1 усвоена на ден 04.10.2018 година објавува

КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по медицина

1.    УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

•    Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје во трета или четврта година од студии
•    Во текот на студиите да постигнале најмалку 8,0 (осум) просечен успех
•    Да не повторувале година во текот на студирањето
•    Да се државјани на Република Македонија
•    Да имаат неопходна потреба од финансиски средства за подршка на студирањето.

2.    ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

•    Молба
•    Кратко CV
•    Потврда за редовно запишан петти или седми семестер за учебната 2018/2019 година
•    Уверение за државјанство на Република Македонија
•    Фотокопија од прва страна на индекс
•    Уверение за положени испити и постигнат успех
•    Документи кои ја потврдуваат потребата од финансиски средства за подршка на студирањето

3.    НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ 

Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар: „Александар Македонски“ бр.12
1000 Скопје
Документите се поднесуваат од 09.10.2018 година до 22.10.2018 година исклучиво по пошта.

4.    ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Ќе се стипендираат 20 студенти од третта година и четврта година Медицински факултет. 