19 апр. 2011 г.
Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје
Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје
На ден 18.04.2011 година се одржа Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје.
На одржаната седница се усвоија материјалите и предлог-одлуките предложени според утврдениот Дневен ред, објавен во Јавниот повик до акционерите за учество на собранието.
Донесена е одлука за исплата на дивиденда за 2010 година во висина од 150,00 денари нето, односно 166,67 денари бруто за една акција што е за 10% повеќе од исплатената дивиденда за 2009 година. Исплатата на дивидендата ќе започне од 11.05.2011 година. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.
Сите одлуки и материјали усвоени од собранието на акционери може да се преземат на следниот линк.