12 апр. 2012 г.

Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје

На ден 12.04.2012 година се одржа Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје.

На одржаната седница се усвоија материјалите и предлог-одлуките предложени според утврдениот Дневен ред, објавен во Јавниот повик до акционерите за учество на собранието.

Донесена е одлука за исплата на дивиденда за 2011 година во висина од 160,00 денари нето, односно 177,78 денари бруто за една акција што е за 6,67% повеќе од исплатената дивиденда за 2010 година. Исплатата на дивидендата ќе започне од 16.05.2012 година. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите. 

Сите одлуки и материјали усвоени од собранието на акционери може да се преземат на следниот линк.