4 апр. 2016 г.
Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје
Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје
На ден 04.04.2016 година се одржа Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје.
На одржаната седница се усвоија материјалите и предлог-одлуките предложени според утврдениот Дневен ред, објавен во Јавниот повик до акционерите за учество на собранието.
Донесена е одлука за исплата на дивиденда за 2015 година во висина од 207,00 денари нето, односно 230,00 денари бруто за една акција што е за 9,5% повеќе од исплатената дивиденда за 2014 година. Исплатата на дивидендата ќе започне од 18.05.2016 година. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.
Сите одлуки и материјали усвоени од собранието на акционери може да се преземат на следниот линк.