8 апр. 2019 г.
Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје
Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје
На ден 08.04.2019 година се одржа Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје.
На одржаната седница се усвоија материјалите и предлог-одлуките предложени според утврдениот Дневен ред, објавен во Јавниот повик до акционерите за учество на собранието.
Донесена е одлука за исплата на дивиденда за 2018 година во висина од 272,00 денари нето, односно 320,00 денари бруто за една акција што е за 12% повеќе од исплатената дивиденда за 2017 година на нето основа. Исплатата на дивидендата ќе започне од 22.05.2019 година. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.
Сите одлуки и материјали усвоени од собранието на акционери може да се преземат на следниот линк.