3 мар. 2023 г.

Годишно Собрание на акционери


Почитувани акционери,


АЛКАЛОИД АД Скопје објавува дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 03.04.2023 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.


Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 02.03.2023 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2022 година во износ од 490,00 денари бруто односно 441,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 440,00 денари бруто односно 396,00 денари нето е поголема за 11,36%.


Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциски сметки на акционерите.


Повеќе детали на следниот линк


АЛКАЛОИД АД Скопје

Управен одбор