11 апр. 2023 г.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗМЕНИ ВО ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ
Согласно Глава 6 од Правилата за котација, АЛКАЛОИД АД Скопје објавува:
На седницата на Надзорниот одбор на друштвото одржана на 07.04.2023 година, се утврди дека членот на Управниот одбор на друштвото, Милкица Глигорова, на сопствено барање го прекинува членството и работењето во Управниот одбор на друштвото, а поради исполнување на условите за стекнување право на старосна пензија. Користејќи ги можностите согласно пропишаните законски услови, членот на Управниот одбор поднесе оставка од својата функција.
Поради горе наведеното, донесена е одлука за бришење на уписот во трговскиот регистар при Централен регистар на РСМ на членот на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје Милкица Глигорова, поради поднесување на известување за оставка, заклучно со 10.04.2023 година и за избор на нов член на Управниот одбор.
За нов член на Управниот одбор се избира Оливера Панева, со мандат од 11.04.2023 година до истекот на времето за кое е избран претходникот, односно 21.11.2028 година.
АЛКАЛОИД АД Скопје