10 апр. 2020 г.

Известување за достава на трансакциски сметки

АЛКАЛОИД АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 20.05.2020 година ќе врши исплата на дивиденда за 2019 година.

Право на исплата на дивиденда за 2019 година имаат сите акционери на АЛКАЛОИД АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на ден 23.04.2020 година.

Се повикуваат сите акционери (физички и правни лица) со право на дивиденда за 2019 година, кои немаат доставено податоци за своите трансакциски и жиро сметки да се јават во друштвото најдоцна до 15.05.2020 година, на телефонскиот број 3104-252 - Реферат акционерство и имотни прашања.