17 апр. 2019 г.

Известување за достава на трансакциски сметки

АЛКАЛОИД АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 22.05.2019 година ќе врши исплата на дивиденда за 2018 година.

Право на исплата на дивиденда за 2018 година имаат сите акционери на АЛКАЛОИД АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на ден 23.04.2019 година.

Се повикуваат сите акционери (физички и правни лица) со право на дивиденда за 2018 година, кои немаат доставено податоци за своите трансакциски и жиро сметки да се јават во друштвото најдоцна до 17.05.2019 година, на телефонскиот број 3104-252 - Реферат акционерство и имотни прашања.

АЛКАЛОИД АД Скопје